СЕМЕЈНА ДРАМА ВО АЕРОДРОМ Татко и ќерка меѓусебно се пријавиле во полиција
Семејна драма се случила вчера попладне во скопската општина Аеродром, каде татко и ќерка меѓусебно се пријавиле во полиција по расправија што прераснала во физички инцидент.
Семејна расправија во дом во скопски Аеродром завршила со меѓусебни пријави во полиција, откако ситуацијата ескалирала во физички инцидент.
Од полицијата информираат дека околу 18:45 часот, 48-годишна скопјанка пријавила дека три часа претходно, во семејниот дом, била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко. Според пријавата, тој ѝ упатувал закани со остар предмет, при што самиот се повредил од невнимание.
Подоцна, околу 20 часот, и 79-годишниот маж поднел пријава во полиција. Тој тврди дека во истото време неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, по што започнало туркање меѓу нив, а неговиот зет физички го нападнал.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.