ВО ФЕВРУАРИ КАМЕРИТЕ НА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ФАТИЛЕ 19.066 ПРЕКРШОЦИ На 653 возачи им се изречени забрани

Изминатиот месец дневниот просек изнесува 706 прекршоци, покажува евиденцијата на МВР.

149

Во периодот од 01.02.2026 до 28.02.2026 од страна на системот „Безбеден град” на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 19.066 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 18.172, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 220 прекршоци, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 674 прекршоци.

Исто така, изречени се вкупно 653 мерки „забрана за управување со возило”, од кои 220 се за „минување на црвено светло”, а 433 се за „брзо возење”.

Гледано по седмици, најголем број на прекршоци се регистрирани во периодот од 02 до 08 февруари-4.991, а најмал во периодот од 09 до 15 февруари – 4.490, додека по денови најмногу на 28 февруари, а најмалку на 11 февруари – 377. Изминатиот месец дневниот просек изнесува 706 прекршоци.

Најголем дел од прекршоците се регистрирани на подрачје на град Скопје-12.073 или 63,3% од вкупниот број на регистрирани прекршоци. Значаен дел од прекршоците се регистрирани и на патните правци долж Коридорите 8 и 10-вкупно 5.702, а најмал број на подрачјето на СВР Тетово – 370 и останати локации-17 прекршоци.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта“, се вели во соопштението на МВР.






 
Поврзани содржини