ТРАМП Е МНОГУ РАЗОЧАРАН ОД СТАРМЕР „Ова не се случило никогаш помеѓу нашите земји“

Велика Британија првично одби да им дозволи на САД да извршат воздушни напади од своите бази, но Стармер во неделата вечерта изјави дека ќе го прифати барањето тие да се користат во американските „одбранбени напади“ врз ирански цели.

440

Американскиот претседател Доналд Трамп е „многу разочаран“ од британскиот премиер Кир Стармер, затоа што не им дозволи веднаш на САД да ја користат воздухопловната база Диего Гарсија, за да извршат напади врз Иран.

Велика Британија првично одби да им дозволи на САД да извршат воздушни напади од своите бази, но Стармер во неделата вечерта изјави дека ќе го прифати барањето тие да се користат во американските „одбранбени напади“ врз ирански цели.






Трамп изјави за британските дневни весници дека на Стармер му требало „премногу долго“ да се предомисли.

– Ова веројатно никогаш порано не се случило меѓу нашите земји – изјави американскиот претседател за Телеграф.

Звучи како да бил загрижен за легалноста, додаде тој.

Британскиот премиер објави дека го прифаќа барањето на САД да ги користи британските бази за одбранбени напади против иранските ракетни складишта или лансери.

– Не бевме вклучени во првичните напади врз Иран… и нема да им се придружиме сега – рече Стармер, но додаде дека Иран сега „спроведува стратегија на изгорена земја, така што Велика Британија ја поддржува колективната самоодбрана на нашите сојузници и нашите луѓе во регионот“.

Поврзани содржини