СЛОВЕНЕЦ ПОВРЕДЕН ПРИ СКИЈАЊЕ КАЈ „ТИТОВ ВРВ“ 65-годишникот паднал на местото Бакардан
Со ратрак-служба бил преземен од теренот и пренесен во Клиничкиот центар во Тетово, каде што му била укажана лекарска помош.
Вчера напладне во тетовската полиција било пријавено дека на местото викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Станува збор за 65-годишен државјанин на Словенија, кој паднал и се повредил додека скијал. Со ратрак-служба бил преземен од теренот и пренесен во Клиничкиот центар во Тетово, каде што му била укажана лекарска помош.