„ВИЗЕР“ ДО 7 МАРТ ГИ ЗАПРЕ ЛЕТОВИТЕ КОН ЗЕМЈИТЕ ОД БЛИСКИОТ ИСТОК Патниците навреме ќе бидат информирани за промените

Од авиокомпанијата додаваат дека патниците ќе бидат навремено информирани за сите очекувани промени. Патниците кои ги резервирале своите билети преку трети страни треба директно да се обратат до агенциите или платформите преку кои ја извршиле резервацијата.

109

Авиокомпанијата „Визер“ соопшти дека привремено до 7 март ги запре сите летови кон и од Израел, Дубаи, Абу Даби, Аман и од Саудиска Арабија.

Ако што е соопштено, одлуката е донесена поради влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток.






„Континуирано ги следиме случувањата и сме во постојан контакт со локалните и меѓународните власти, агенциите за безбедност во воздухопловството и другите релевантни институции. Како што се развива ситуацијата, можно е да бидат донесени дополнителни оперативни одлуки и да дојде до измени во распоредот на летови“, се наведува во соопштението.

Од авиокомпанијата додаваат дека патниците ќе бидат навремено информирани за сите очекувани промени. Патниците кои ги резервирале своите билети преку трети страни треба директно да се обратат до агенциите или платформите преку кои ја извршиле резервацијата.

„Безбедноста и сигурноста на нашите патници, екипажот и воздухопловите останува наш највисок приоритет. Свесни сме дека ова може да предизвика одредени нарушувања во патувањата“, наведуваат од „Визер“.

Поврзани содржини