📽️ ХАОС ПРЕД КОНЗУЛАТОТ НА САД ВО КАРАЧИ Осум лица загинаа во протестот по нападот на Иран

Стотици демонстранти се обиделе да упаднат во американскиот конзулат во Карачи по регионалната ескалација.

985

Најмалку осум лица загинаа денеска за време на проиранските протести кај конзулатот на САД во пакистанската метропола Карачи, соопшти портпарол на спасувачката служба.

– Пренесовме најмалку осум тела во цивилните болници во Карачи, додека уште 20 лица се повредени во инцидентот кај конзулатот – изјави Мухамед Амин, портпарол на спасувачката служба на Edhi Foundation, додавајќи дека повеќето од повредените имале прострелни рани.

 






Стотици проирански демонстранти се обиделе да упаднат во конзулатот по американско-израелските напади врз Иран.

 

 

Поврзани содржини