ФАТЕНА НА ВЛЕЗ ВО „ИДРИЗОВО“ СО МАРИХУАНА Скопјанка не успеала да прошверцува дрога во затвор

Дрогата била откриена при преглед од затворската полиција во „Идризово“.

795

Скопјанка на возраст од 40 години се соочува со кривична пријава откако била фатена со марихуана при обид да ја внесе во затворот „Идризово“.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека СВР Скопје поднела кривична пријава против А.А. поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.






Според полицијата, на 16 август 2025 година, затворската полиција во Затвор „Идризово“ извршила преглед на пријавената, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Истражните органи се сомневаат дека дрогата требало да биде внесена во установата, а по целосното документирање на случајот против осомничената е поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини