МАЛОЛЕТНИК ЗАД ВОЛАН ВО СТРУГА Полицијата одзеде возило управувано од тинејџер
Полицијата го сопрела возилото во редовна контрола, а автомобилот е одземен.
Шеснаесетгодишник бил фатен како управува автомобил без возачка дозвола при полициска контрола во Струга.
Инцидентот се случил на 25 февруари околу 19:50 часот, кога полициски службеници од ОВР Струга сопреле патничко возило „фолксваген туран“ со струшки регистарски ознаки. При контролата било утврдено дека зад воланот се наоѓа малолетник кој нема законско право да управува моторно возило, информираа од Министерство за внатрешни работи.
По консултација со јавен обвинител, со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на член од неговото семејство, а возилото било одземено.
Од полицијата најавуваат дека по целосното документирање на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.