ДАЛИ СДСМ Е ПОДГОТВЕН ДА СЕ ЖРТВУВА ЗА ГРУБИ? Толку ли е голем стравот, прашува Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ ја коментираше изјавата на потпретседателката на СДСМ, Јованка Тренчевска дека одлуката за која се гони Груби била колективна, на целата влада, а не само негова.
Свесни за тоа што се може да сведочи Груби, во страв и паника го бранат криминалот на првиот вицепремиер на владата на СДСМ и ДУИ, па дури и се спремни да се жртвуваат за него – рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
– Имено, потпретседателката на СДСМ, Јованка Тренчевска истакна дека одлуката на тогашната влада, за која меѓудругото се сомничи за криминал Артан Груби, била колективна, и според неа не било фер само Груби да добие кривична, туку требало да добијат и другите министри кои присуствувале на седницата, односно цела тогашна влада.
Дали дел од функционерите на СДСМ се спремни да се жртвуваат за овој криминал, само за Груби да не сведочи и за други криминали? Толку ли многу знае Груби што стравот и паниката во СДСМ се огромни? Зошто СДСМ со години молчеше, а со тоа и го одобруваше криминалот на Груби? Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?
СДСМ беше спремна на сѐ, само за да бидат ден повеќе на власт. Соработуваа, местеа и молчеа за голем број криминали и тоа ги доведе до околу 130.000 гласови.
Истрагата мора да оди до крај. Одговорност за криминалот направен од СДСМ и ДУИ мора да има – рече Петрушевски.