ЌЕРКА ВИ Е ТЕШКО ПОВРЕДЕНА, Ѝ РЕКОЛ ЛАЖНИОТ ЛЕКАР Пензионерка од Битола предала 9.600 евра на измамник
84-годишна битолчанка поверувала на телефонски повик од лажен лекар и во страв за ќерката предала 9.600 евра; полицијата трага по измамникот.
84-годишна жена од Битола останала без 9.600 евра откако била измамена од лице кое лажно се претставило како лекар и ја довело во заблуда дека нејзината ќерка е тешко повредена.
Како што информираат од СВР Битола, случајот бил пријавен на 25 февруари околу 16 часот. Според пријавата, измамникот телефонски ја контактирал жената и ѝ рекол дека нејзината ќерка има скршеници и итно ѝ е потребна операција, за која мора веднаш да се платат пари.
Во паника и страв за здравјето на ќерката, битолчанката ги предала парите на лице кое дошло пред нејзината зграда. Подоцна, кога се слушнала со ќерката, сфатила дека станува збор за измама и случајот го пријавила во полиција.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.