ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ ЌЕ ИМ ДОДЕЛИ ТИТУЛИ НА РОДИТЕЛИТЕ НА КЕЈТ?! Дали на Керол и Мајкл Мидлтон треба да им се дадат официјални улоги во монархијата?
Принцот Вилијам би можел да ја преобликува самата структура на монархијата за да им даде на родителите на неговата сопруга Кејт поистакната улога во кралското семејство, тврдат кралските експерти.
Додека британската монархија поминува низ еден од најчувствителните периоди во последните години, се зголемуваат шпекулациите дека принцот Вилијам би можел да направи неочекуван потег.
Тој би можел да ја преобликува самата структура на монархијата за да им даде на родителите на неговата сопруга Кејт поистакната улога во кралското семејство, тврдат кралските експерти.
Нов документарец го постави прашањето – дали на Керол и Мајкл Мидлтон треба да им се дадат официјални титули?
Документарецот го истражува влијанието што го имаат Мидлтон во внатрешниот круг на кралското семејство, но и потенцијалот тие да станат активни членови на монархијата во време кога институцијата се соочува со сериозни предизвици во однос на репутацијата.
Сара Вајн од Дејли Меил во емисијата изјавила:
– Во 21 век, кралската припадност зависи од тоа како се однесувате. Не е загарантирана. И ако кралското семејство денес претставува нешто, тоа е давањето пример. Станува збор за почитување на одредени стандарди, а Ендру ги прекрши тие правила и затоа повеќе не е дел од тоа. Но, тоа значи дека вратата е отворена за другите луѓе да станат „кралски“ преку нивното однесување.
Кралските коментатори веруваат дека Вилијам би можел да им даде на родителите на неговата сопруга еден вид кралски „печат на одобрување“, потпирајќи се на она што тие го нарекуваат нивна стабилност, пристојност, британски вредности и чувство за хумор – особено во средина на кризата околу пријателството на принцот Ендру со Џефри Епстин.
Главниот кралски дописник на „Њузвик“, Џек Ројстон, истакнал:
– За Керол и Мајкл да станат членови на кралското семејство, Вилијам би морал целосно да ја промени структурата на монархијата. Тој вели дека сака промени. Сè е можно.
Според кралската биографка Кејти Никол, Мидлтонови отсекогаш нагласувале дека бракот на Кејт со Вилијам значи дека добиле син.
Од нивната венчавка во април 2011 година, нивната врска стана уште посилна, а Мидлтонови играат клучна улога во обезбедувањето на тоа принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис да имаат што е можно понормално детство.
„Тајмс“ минатата година објави дека принцот Џорџ сака да помага со домашните работи. Еден жител на Виндзор ја опишал средбата со младиот принц и Керол Мидлтон во продавница за ткаенини:
– Тој беше весел и јадеше парчиња портокал додека неговата баба избираше материјал.
Сара Вајн додаде: „Се чини дека имаат аура на добрина и мислам дека Мидлтонови се таа безбедносна мрежа“.
Документарецот, исто така, потсети на посетата на принцезата Дајана во забавниот парк Торп Парк во 1993 година, кога таа инсистираше Вилијам и Хари да чекаат во ред како и сите други.
Како и неговата мајка, Вилијам сака да им обезбеди на своите деца среќен, здрав и стабилен дом.
Во интервју со Јуџин Леви, тој рече: „За мене, најважното нешто во животот е семејството и сè е усмерено кон иднината. Ако не им обезбедите среќен, здрав, стабилен дом на вашите деца сега, мислам дека ги подготвувате за тежок пат и можен пад.“
Американско-британската драматичарка Бони Грир верува дека семејството Мидлтон е одговорно за овој пристап:
– Тој се чувствува решен да им даде на овие деца што е можно понормално детство затоа што самиот немал такво. Мислам дека тоа е ефектот на Мидлтон.
Кејти Никол додава дека разумното и љубезно семејство на Кејт ѝ помогнало на идната кралица да остане приземјена додека учела за кралските должности.
Фотографиите од 2016 година на покојната кралица како ги вози Мидлтон во својот Ренџ Ровер во Балморал го зацврстија нивниот статус како „квази-кралски членови“.
Според извор кој зборува за Дејли Меил: „Тоа беше идеја на Вилијам. Тој навистина сакаше неговата баба да им пружи посебно топло добредојде. Тие беа на врвот на многу долгиот список на гости.“
Кралските експерти исто така, ја истакнале нивната дискреција за време на кратката разделба на Кејт и Вилијам, како и во периодот пред кралската свадба, што ги направи попопуларни од кога било во Бакингемската палата.
Сара Вајн заклучи: „Тие навистина не згрешија во ништо“.
Во време кога британската монархија се соочува со предизвици, Мидлтонови сè повеќе се споменуваат како стабилна и сигурна поддршка за идниот крал – а некои веруваат дека би можеле да играат поважна улога во нова, помодерна верзија на кралското семејство.