САРА ФЕРГУСОН СЕ ПРИЈАВИЛА ВО КЛИНИКА ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА По апсењето на Ендру, поранешната војвотка не е во добра ментална состојба
Поранешната војвотка од Јорк, Сара Фергусон (66), ја напуштила Велика Британија и се пријавила во клиниката за рехабилитација „Парацелзус“ во Цирих, објави „Пејџ Сикс“.
Сара Фергусон наводно се пријавила во скапа клиника за рехабилитација во Швајцарија, поради можноста да биде испрашувана за нејзините врски со Џефри Епстин, пишува „Пејџ Сикс“.
Клиниката за рехабилитација „Парацелзус“ се фокусира на опоравување на менталното здравје и нуди персонализирана, дискретна грижа за оние кои се борат со зависности, нарушувања во исхраната и хронични состојби и попречености.
Ултра-луксузниот центар за рехабилитација наводно чини над 17.500 долари од ноќ.
Извор изјавил за медиумот дека Фергусон всушност веќе поминала подолго време таму после Божиќ до крајот на јануари.
– Таа секогаш се чувствува како дома во Парацелзус и знае дека таму ќе добие љубов и внимание, како и стручен здравствен третман кога е најранлива – рекол изворот.
Поранешниот сопруг на Фергусон, поранешниот принц Ендру, беше уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција на 19 февруари – на неговиот 66-ти роденден. Тој беше испрашуван 11 часа во полициска станица пред да биде ослободен. Ендру беше уапсен за наводно проследување доверливи трговски документи до Епстин, осуден сексуален престапник.
Доколку биде осуден, може да се соочи со максимална казна – доживотен затвор.
Фергусон би можела да се соочи со прашања од полицијата, која го уапси нејзиниот поранешен сопруг, ако се врати во Велика Британија, изјавиле британски правни извори за Пејџ Сикс.
Иако нема докази за какво било кривично дело од страна на Фергусон, „полицијата може да има основа да ја испрашува Сара Фергусон бидејќи таа може да биде релевантен сведок во овој случај – рекол во својата изјава еден врвен адвокат.
– Иако Сара Фергусон не би била на јавна функција во тоа време, не знаат што знае и дали открила нешто (во е-пошта што е во согласност со нејзината улога како поранешен член на кралското семејство и поранешна сопруга на Ендру).
Кралски извор изјавил за Дејли Меил еден ден по апсењето на Ендру дека Фергусон не е во добра ментална состојба.
– Разговарав со некои нејзини пријатели. Звучи лошо. Таа им кажува на луѓето дека навистина страда од своето ментално здравје и мисли дека сите се обидуваат да ѝ го загрозат животот.
Фергусон, која е разведена од Ендру од 1996 година, беше лишена од титулата војвотка од Јорк поради скандалот со Епстин во октомври 2025 година.
Извор изјави за Page Six во тоа време дека таа „секогаш ќе стои покрај Ендру и „секогаш ќе има љубов кон него“.