🎥 ТОНИ ЦЕТИНСКИ „ФАЌАЛ ВРСКИ“ ЗА ДА ЈА УБЕДИ ЖЕНА МУ ДА ГЛУМИ ВО СПОТ „Ми беше полесно затоа што не морав да глумам дека сум вљубен“

Тони Цетински, едно од најомилените и најдолготрајни лица на хрватската музичка сцена, има нова песна, а во романтичното видео се појавува неговата сопруга Дубравка

62
Популарниот хрватски музичар Тони Цетински неодамна објави видео за својата нова песна „Биди ми среќа“ (Budi mi sreća), а видеото е посебно бидејќи во него глуми и неговата сопруга Дубравка.
Иако Дубравка Цетински ретко се појавува во јавноста, по многу убедувања, таа одлучила да застане пред камерите со својот популарен сопруг од Пула и да стане главен лик на видеото.
Како што открил Тони Цетински во едно интервју за хрватските медиуми, патот до таа одлука не бил лесен. Потребни биле многу убедувања, а музичарот открил дека ја молел својата сопруга преку нејзината мајка, преку нејзината пријателка и преку пријателите.
– Некако успеавме да објасниме дека ќе биде убаво видео и дека нема да се засрами – рекол Тони Цетински, откривајќи дека тимот што работел на видеото се потрудил да создаде дело достојно за восхит.
Иако ова беше прв пат тој и неговата сопруга да соработуваат на ваков проект, атмосферата на снимањето била многу пријатна, а олеснителна околност за музичарот било тоа што не морал да глуми.
– Ми беше многу полесно бидејќи не морав да глумам дека сум вљубен, едноставно тоа е таа емоција – рекол Тони.
Музичарот признал дека дел од видеото е снимен во живо, а дел со помош на вештачка интелигенција, па затоа не било голем проблем.
Видеото беше објавено на Денот на вљубените, а за само неколку дена го погледнале повеќе од милион корисници, што е уште еден показател дека публиката со возбуда ги очекува песните и концертите на Тони.

 

Поврзани содржини