СКОПЈАНКА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ЗАПАЛЕНИОТ ДОМ Пожарникарите го изгаснаа огнот, но за жената беше доцна

Пожарникарите го изгаснале огнот, но за жената веќе било предоцна.

334

71-годишна скопјанка го загуби животот во пожар што избувнал во нејзината куќа во населбата Ќерамидница.

Настанот бил пријавен на 24 февруари 2026 година околу 16:30 часот во СВР Скопје. Пожарот зафатил куќа сопственост на Т.П., која, според информациите, имала здравствени проблеми.






Екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје интервенирале и го изгаснале пожарот, но при интервенцијата на местото била пронајдена почината сопственичката.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Полицијата извршила увид и се работи на утврдување на причините за пожарот.

Поврзани содржини