МЛАДИ РАЗБОЈНИЦИ ГИ ТЕРОРИЗИРАЛЕ ПРИЛЕПЧАНИ Петмина насилници со сила ограбиле тројца граѓани

Во текот на февруари, група млади, меѓу кои и тројца малолетници, со сила ограбиле три лица во Прилеп, одземајќи пари, мобилни телефони и накит.

100

Прилеп се потресе од серија грабежи во текот на февруари, кога петмина, меѓу кои и тројца малолетници, на дрзок начин ограбиле три лица.

Според пријавите, на 9 февруари, двајцата млади и тројцата малолетници влегле во куќа на Е.И. и со употреба на сила одзеле пари, накит и други предмети. Само неколку дена подоцна, на 12 февруари, истата група ја пресретнала Е.С. на улица, ѝ одзела паричник со пари, мобилен телефон и други работи.






На 15 февруари велосипедист бил нападнат и ограбен од истата група, неговата чанта со пари и мобилни телефони завршила во рацете на насилниците.

Полицијата ги идентификувала и привела осомничените: С.М. (20), М.А. (19) и тројца малолетници од Прилеп, а сега следува кривична постапка за нивните дела.

Поврзани содржини