ЗОШТО ПОВЕЌЕ ИМ ВЕРУВАМЕ НА ЛУЃЕ КОИ ПОРАСНАЛЕ ВО СИРОМАШТИЈА? Како социјалниот статус влијае врз тоа колку некој изгледа доверлив за другите?

Студија објавена од American Psychological Association покажува дека несвесно им даваме поголема доверба на оние што растеле со помалку пари, отколку на луѓе од богати и привилегирани средини.

43

Кога одлучуваме кому ќе му веруваме, почесто избираме луѓе кои пораснале со помалку материјални средства, отколку оние што посетувале престижни приватни училишта, патувале и летувале на егзотични дестинации. До овој заклучок дошле истражувачи во студија објавена од American Psychological Association.

Иако можеби не сме свесни за тоа, кога проценуваме кому да му веруваме, повеќе сме наклонети кон луѓе што потекнуваат од домаќинства со ниски или средни приходи отколку кон оние од богати семејства.






Што нè тера да му веруваме на некого?

Целиот наш живот се врти околу довербата – од пријателствата што ги негуваме, до партнерствата и професионалните односи што ги градиме. Без доверба, романтичните врски можат да пропаднат, бизнисите да трпат, а општествените поделби да се продлабочат.

„Довербата е неопходна за здрави односи“, вели Кристин Лорин, професорка по психологија на University of British Columbia.

За да откријат што точно влијае врз тоа кому му веруваме, истражувачите спровеле серија експерименти со повеќе од 1.900 учесници. Тие испитувале дали социјалниот статус – во детството или во моменталниот живот – влијае врз тоа колку некој изгледа доверлив за другите. Истражувањето е објавено во списанието Journal of Personality and Social Psychology.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини