СО ЛАЖНИ СООБРАЌАЈКИ ИЗВЛЕКЛЕ 3,7 МИЛИОНИ ДЕНАРИ Кривични за четворица измамници, „мозокот“ бил во Софија

Случајот се однесува на добро познатиот „телефонски трик“ со лажни сообраќајки и тешко повредени роднини.

387

Полицијата во Битола, заедно со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, поднесе кривична пријава до Обвинителството во Битола против четири лица – В.П. (40) од селото Стење, ресенско, Г.М. (54) со престој во Скопје, едно засега непознато лице и В.М. (51) од Охрид.

Тројца од нив се товарат за измама, додека четвртата осомничена се сомничи за помагање во измамата.






Случајот се однесува на добро познатиот „телефонски трик“ со лажни сообраќајки и тешко повредени роднини.

На 5 февруари 2026 година, на улицата „Маврово“ во Битола, осомничените измамиле 72-годишна жена. Ја убедиле дека нејзината снаа е тешко повредена и дека итно се потребни пари и злато за операција. Исплашената жена му предала златен накит на првоосомничениот, кој подоцна го предал на второосомничениот. Штетата во овој случај изнесува околу 40.000 денари.

Само еден ден подоцна, на 6 февруари, кај Саат кулата во Битола, на ист начин биле измамени 76-годишна жена и нејзиниот сопруг. Од нив биле земени околу 430.000 денари.

Според истрагата, во периодот од ноември 2025 до 21 февруари 2026 година, второосомничениот и четвртоосомничената ги пренесувале парите добиени од измамите во Бугарија, односно во Софија, каде што ги предавале на третото лице. Дел од парите задржувале за себе.

Истражителите утврдиле дека групата со вакви измами во повеќе градови низ земјата прибавила противправна имотна корист од околу 3.700.000 денари.

Судија на претходна постапка при Основниот суд во Битола му одредил осумдневен притвор на Г.М., додека првоосомничениот веќе се наоѓа во притвор.

Поврзани содржини