ПРВА ЕКСТРАДИЦИЈА ОД ОАЕ Флорим Лимани пристигна од Дубаи, ќе ја издржува казна за трговија со оружје

Прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во Македонија ја реализира македонската полиција во соработка со странските власти.

291

Денеска во нашата земја беше екстрадиран Флорим Лимани (33), кој беше баран со меѓународна потерница. Лимани е осуден на три години и шест месеци затвор за недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи, дело казниво според член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Ова е прва екстрадиција на лице од Обединетите Арапски Емирати кое се бара со меѓународна потерница од страна на македонската полиција. Лимани веднаш по пристигнувањето е предаден на надлежните институции за да ја издржи преостанатата казна.






Преку соработката со властите во Дубаи, македонската полиција ја реализираше оваа постапка, која претставува важен пример за меѓународна правна соработка и борба против криминалот.

Поврзани содржини