СИНДИКАЛНАТА КОШНИЧКА ПОРАСНА НА 67.382 ДЕНАРИ Последните два месеца поскапела за околу 2.000 денари

Пресметките на синдикатот се дека два месеца едно семејство е посиромашно за 2.000 денари, а за 24 месеци вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за повеќе од 10.000 денари.

51

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во февруари се зголемени за речиси 1.000 денари во споредба со јануари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија кој ја прави синдикалната потрошувачка кошничка.

Синдикалната минимална кошница за февруари изнесува 67.382 денари и во однос на синдикалната минимална кошница во јануари е зголемена за 969 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати, вредноста на синдикалната минимална кошничка се зголемува на 82.757 денари.






Зголемување од речиси илјада денари има и во делот на храната односно ако за јануари биле потребни минимум 24.211 денари, во февруари за истата намена биле потребни 25.156 денари.

Од ССМ велат дека за само два месеца од почетокот на годината, најавеното усогласување на минималната плата што треба да се случи во март, е изедено со растот на минималната синдикална кошничка.

Пресметките на синдикатот се дека два месеца едно семејство е посиромашно за 2.000 денари, а за 24 месеци вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за повеќе од 10.000 денари.

 

Поврзани содржини