ИЗБОРОТ НА ХРАНА ГИ ОДРЕДУВА НАШЕТО ЗДРАВЈЕ И ДОЛГОВЕЧНОСТА Како да „си дадете неколку дополнителни години живот“

Студијата на научници од кинескиот Универзитет за наука и технологија Хуажонг, открила и дека храната што имала најголемо влијание врз долговечноста се интегралните житарки, овошјето и зеленчукот.

303

Старата поговорка „Вие сте она што го јадете“ сугерира дека нашиот избор на храна го одредува нашето здравје и долговечност. Нова студија објавена во списанието Science Advances сега дава прецизни проценки за тоа колку дополнителни години живот може да се добијат со здрава исхрана.

Всушност, студијата на научници од кинескиот Универзитет за наука и технологија Хуажонг дава конкретни бројки за тоа колку всушност можеме да го продолжиме нашиот живот со откажување од брза храна.






Петте најдобри начини за исхрана

За да ги анализира бројките, Јанлинг Лв од Универзитетот за наука и технологија Хуажонг во Кина (Huazhong University of Science and Technology), заедно со своите колеги, анализирала податоци од повеќе од 100.000 учесници во UK Biobank, голема база на податоци што содржи детални генетски и здравствени информации за половина милион волонтери. Тие ги следеле учесниците во студијата нешто повеќе од 10 години, давајќи им редовни анкети и прашувајќи ги што консумирале во текот на претходните 24 часа.

 

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“

Поврзани содржини