ВИСОКИТЕ ЦАРИНИ НЕ ПОМОГНАА САД ДА ГО НАМАЛИ ТРГОВСКИОТ ДЕФИЦИТ СО СВЕТОТ За една година се намалил само за 2,1 милијарда долари

Минатата година, САД имаа најголем дефицит во трговијата со Европската Унија, од 218,8 милијарди долари, по што следуваат Кина, 202,1 милијарди долари, и Мексико, 196,9 милијарди долари.

213

Трговскиот дефицит на САД во размената на стоки со остатокот од светот во 2025 година достигна 901 милијарда долари, што е за 0,2% или 2,1 милијарди долари помалку отколку во 2024 година, покажаа најновите податоци од Министерството за трговија на САД.

Минатата година, САД имаа најголем дефицит во трговијата со Европската Унија, од 218,8 милијарди долари, по што следуваат Кина, 202,1 милијарди долари, и Мексико, 196,9 милијарди долари.






Американскиот извоз на стоки во 2025 година достигна минатогодишна вредност од 3.430 милијарди долари, што е зголемување од 199,8 милијарди долари во споредба со 2024 година. Увозот, исто така, се зголеми, за 197,8 милијарди долари, на вкупно 4.330 милијарди долари.

Во 2025 година, американскиот претседател Доналд Трамп воведе серија агресивни царини за голем број земји со цел да се изедначи глобалното поле за играње. Во април, Трамп објави општа царина од 10% за целиот увоз, како и таканаречени реципрочни царини насочени кон одредени земји кои имаат трговски суфицит со САД. Сепак, во текот на годината, Трамп ги ублажи многу од тие царини, а преговорите со главните трговски партнери се во тек.

Во обид да ги избегнат трошоците за царински давачки, американските компании значително го зголемија својот увоз во текот на првите три месеци од минатата година. Трендот на увоз потоа се намали, па во октомври САД го забележаа најнискиот месечен трговски дефицит од 2009 година.

Поврзани содржини