ДЕТЕТО КОЕ ПАДНА НА ЈАХОРИНА ЈА СКРШИ БУТНАТА КОСКА Испратено е на лекување во Нови Сад
Детето кое падна од жичницата на Јахорина, има фрактура но е надвор од животна опасност, изјавиле од болницаа во Источно Сараево. Скијачкиот центар наскоро ќе се огласи за инцидентот.
Детето кое паднал од жичарница на Јахорина е надвор од животна опасност, соопштиле утрово од болницата во Источно Сараево за „БН ТВ“. Лекарите потврдиле дека детето е стабилизирано и згрижено.
„Детето е згрижено, претрпе фрактура на бутната коска, што е сериозна физичка повреда, и е испратено во матичната установа во Нови Сад на понатамошно лекување“, изјавиле од болницата за „БН ТВ“.
Медиумите пренеле дека инцидентот се случил вчера, кога детето висело од жичарницата, а потоа паднало на земја од висина од неколку метри. Скијачи кои се нашле на местото го забележале настанот и реагирале.
Од Полициската управа во Источно Сараево досега не го коментирале случајот. Од Олимписки центар Јахорина најавиле дека наскоро ќе објават официјално соопштение во врска со инцидентот.