🎥 ЌЕ СЕ ОМАЖИШ ЛИ ЗА МЕНЕ, ПОВТОРНО? Парис Хилтон по вторпат му рече ДА на својот сопруг

За Денот на вљубените Картер Реум, сопругот на богатата наследничка Парис Хилтон, повторно ја запроси својата сопруга, овојпат со асистенција на нивниот син Феникс

76

Парис Хилтон доживеа убаво изненадување за Денот на вљубените, кога нејзиниот сопруг Картер Реум по вторпат ја запроси на плажа во Туркс и Кајкос, во романтична атмосфера, на зајдисонце и во присуство на нивните две деца – тригодишниот син Феникс и двегодишната ќерка Лондон.

– Беше уште помагично од првиот пат. Тоа што Лондон и Феникс беа со нас го направи моментот уште поемотивен и поспецијален – изјави Хилтон за „Пипл“.






Според фотографиите кои Парис ги објави на својот профил на Инстаграм, плажата била уредена со бели цветни аранжмани и свеќи, а на песокот светеле големи букви со пораката: „Will you marry me again?“ (Ќе се омажиш ли повторно за мене?).

Реум бил облечен во бел костум со црни мокасини, а Парис носела бел фустан во грчки стил. На фотографиите се гледа дека тој клекнал на едно колено и поддржан од нивниот син Феникс ѝ го поставил прашањето подавајќи ѝ прстен во розово кутиче.

– Пет години подоцна… и тој сè уште ми го забрзува срцето.

На Денот на вљубените, во тиркизните води на Туркс и Кајкос – само неколку дена пред мојот роденден – мојот вечен Валентин повторно ми предложи брак, а јас повторно реков ДА.

Но, овојпат, не бевме само сопруг и сопруга. Бевме мама и тато. Феникс и Лондон ја гледаа љубовта што ги создаде.

Обновувањето на нашите завети не е само славење пет прекрасни години – туку покажување на нашите деца дека љубовта расте, се продлабочува и се избираме едни со други одново и одново.

Поминаа пет години. Засекогаш е пред нас.

Засекогаш не е доволно долго со тебе, Картер – напиша Парис во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

По нејзиното „да“, семејството приватно го одбележало мигот, по што им се придружиле роднини и пријатели. Вечерта завршила со розов огномет што го осветлил небото.

– Да ја гледам Парис во изминатите пет години, особено како мајка, е најголемата радост во мојот живот – рекол тој.

Двојката првпат се сврши на 17 февруари 2021 година, за време на прославата на нејзиниот 40-ти роденден на приватен остров, а се венчаа на 11 ноември истата година во Лос Анџелес.

Нивниот син Феникс се роди во јануари 2023 година, а ќерката Лондон во ноември истата година. Двете деца се родени со помош на сурогат-мајки.

Поврзани содржини