ЗЕЛЕ 215.731 ДЕНАРИ ОД БРЗИ КРЕДИТИ СО УКРАДЕН ИДЕНТИТЕТ Момче од Демир Капија се шокирало кога дознало за долгот што не го направило

18-годишник од Демир Капија се сомнева дека му ја злоупотребиле личната карта за подигнување на голем кредит.

289

18-годишно момче од Демир Капија пријави дека неговата лична карта можела да биде злоупотребена за подигнување на кредит во финансиско друштво.

Според пријавата, во периодот октомври–ноември 2025 година, едно лице од Неготино му ја земало и фотографирало личната карта со изговор дека е потребна за делење на пакети за црквата, за што ќе добие паричен надомест. До денот на пријавата, младото момче не било повикано да учествува во делењето пакети, ниту добило пари.






Во меѓувреме, тој добил писмо од финансиско друштво во кое се бара отплата на кредит подигнат на негово име во износ од 215.731 денари. Младиот жител се сомнева дека лицето што ја зело неговата лична карта го подигнало кредитот без негова согласност.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, а младото момче апелира до граѓаните да внимават со своите лични документи.

Поврзани содржини