🎥 ЛУДА БРКОТНИЦА, УЛТРАОРТОДОКСНИ ЕВРЕИ ГОНЕА ДВЕ ЖЕНИ-ВОЈНИЦИ Помислиле дека носат покани за регрутација, полицијата ги спаси

Во Израел воената служба е задолжителна за поголемиот дел од еврејското население, но ултраортодоксните Евреи со децении се изземени од оваа обврска.

286

Ултраортодоксните евреи (хареди) со протести денеска попладне (понеделник) го блокираа главниот пат што води кон и од Ерусалим, револтирани од најавите за нивно можно регрутирање во армијата.

Протестот првично предизвика целосен застој во сообраќајот кај влезот во Ерусалим, како и на автопатот 38. Полицијата подоцна соопшти дека демонстрантите биле растерани од делницата на автопатот и дека сообраќајот таму е нормализиран.






Немирите доаѓаат по масовните протести што се одржаа вчера (недела) во градот Бнеј Брак, откако две израелски војнички пристигнале на домашна посета кај млад човек, што локалната заедница го протолкувала како обид за регруирање на припадник на заедницата на харедите.

Двете војнички биле принудени да побараат помош од полицијата откако биле опколени и бркани од група ултраортодоксни мажи. Снимки од градот покажуваа како тие трчаат по улици расфрлани со ѓубре и превртени канти, додека полицајци формираат жив штит околу нив. Приведени биле повеќе од 20 лица.

Според извештаите, припадничките на Израелски одбранбени сили биле погрешно обвинети дека носат покани за присилна мобилизација. Во Израел воената служба е задолжителна за поголемиот дел од еврејското население, но ултраортодоксните Евреи со децении се изземени од оваа обврска. Обидите за промена на тој статус предизвикаа силни реакции и негодување во заедницата.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го осуди инцидентот, оценувајќи го како „неприфатлив“.

Поврзани содржини