🎥 ПРОБИЕН ПОСЛЕДНИОТ ОД 15 ТУНЕЛИ КОН БУГАРИЈА Има уште работа додека се постави пругата
Моменталниот прогрес на изведувачот не е според очекувањата, но најспецифичните сегменти од проектот полека се надминуваат, објави директорот на ЈП Железници инфраструктура, Синиша Ивановски.
Директорот на ЈП Железници инфраструктура, Синиша Ивановски, објави дека е пробиен и последниот тунел од вкупно 15 на пругата Бељаковце-Крива Паланка.
„Бележиме прогрес. Изутринава го пробивме и последниот тунел од вкупно 15 од вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија (Бељаковце – Крива Паланка). Пробивањето на тунелите се смета за една од поспецифичните градежни активности. А оваа позиција од овој проект е веќе завршена“, напиша Ивановски на Фејсбук.

Сепак, додава тој, моменталниот прогрес на изведувачот не е според очекувањата, но најспецифичните сегменти од проектот полека се надминуваат.
Ивановски очекува посериозна оперативна активност и видлив прогрес во следните месеци.
„Коридорот 8 е од стратешко значење за Македонија и за НАТО и сериозно се работи на неговата изградба и поврзување на Јадранско Море со Црно Море“, додаде Ивановски.