НЕМА СКАНДАЛ БЕЗ ЗАЕВ И БЕЗ ФИЛИПЧЕ Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по фотографијата со Котев, сопственикот на илегалната дрога

Владејачката партија тврди дека постои поврзаност меѓу раководството на СДСМ и лица поврзани со случајот, од опозицијата засега без одговор.

1,377

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, имал блиски контакти со Тони Котев, кого го поврзуваат со случајот со запленета дрога.

Во партиското соопштение се наведува дека Филипче претходно негирал поврзаност со Котев, но дека во јавноста се појавиле фотографии на кои тие се заедно.






„Венко Филипче лажеше дека не ги познава лицата, а фотографиите што излегоа во јавноста покажуваат дека тие добро се познавале“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата тврдат дека СДСМ се обидувала да го минимизира случајот со запленетата дрога, а притоа поставуваат прашања дали постои поврзаност меѓу раководството на опозициската партија и осомничените во предметот.

„Нема скандал, криминал и корупција, а таму да не се вмешани имињата на Заев и Филипче“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, алудирајќи и на поранешниот премиер Зоран Заев.

Во соопштението се поставува и прашањето дали измените на правилникот за одгледување канабис во 2023 година биле поврзани со овој случај.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат Јавното обвинителство да ја испита целосната поврзаност на Филипче и на Заев со случајот со запленетите 30 тони дрога.

Поврзани содржини