НЕ САКАМ ДА ВЕ ИЗГУБАМ, УНГАРИЈА Е СЛОНОТ ВО СОБАТА На Мерц му е непријатно што Западен Балкан уште не е во ЕУ

Германскиот канцелар Фридрих Мерц призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради застојот во проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан, посочувајќи ја Унгарија како главна кочница.

1,918

Германскиот канцелар Фридрих Мерц во Минхен призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ затоа што Европската Унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.

– Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам – порачал Мерц откако дебатата ја отвори претседателот на Црна Гора на Минхенската безбедносна конференција. 






Главна кочница, според него, е принципот на едногласност во Унијата, односно правото на вето на земјите членки. Мерц посочи дека постојаното блокирање од страна на Унгарија станало „слон во собата“. Изразил надеж дека тоа ќе се надмине.

– По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската Унија – заклучил тој.

Процесот на проширување на ЕУ со Западниот Балкан останува под знак прашалник.

Во текот на 2024 и 2025 година, унгарскиот премиер Виктор Орбан повеќепати сигнализирал дека нема автоматски да поддржи забрзано членство на Украина, имплицитно најавувајќи вето. Орбан неодамна изјави дека земјите членки ги поставуваат правилата на игра, велејќи дека членството на Украина би значело безбедносен и финансиски ризик за Унијата.

Поврзани содржини