ЗОШТО ПРЕСТАНАВ ДА МУ ВЕЛАМ „НЕ“ НА МОЕТО ДЕТЕ Наместо зборови како „не“, „престани“ или „немој“…
Метод што промовира почит, емпатија и граници без казни – дали „нежното родителство“ (gentle parenting) навистина може да функционира или создава преголем притисок врз родителите? Наместо зборови како „не“, „престани“ или „немој“, на детето му се нуди насока што кажува што треба да направи, а не што не смее.
Кога започна карантинот во време на пандемијата со Ковид-19, Кели Медина Енос се соочила со однесување кај својот мал син кое не знаела како да го контролира.
– Почна да ме удира и да има вистински испади. Се чувствував изгубено сè додека на Тик-Ток не налетав на идејата за нежно родителство- раскажува таа.
Т.н. „gentle parenting“ – концепт што во последните години стана популарен на социјалните мрежи – се разликува од традиционалниот, авторитарен пристап во кој возрасните поставуваат правила со јасни последици. Наместо казни и строги забрани, овој пристап ги охрабрува родителите смирено да ги признаат чувствата на детето и да понудат избор наместо директна забрана.
Наместо зборови како „не“, „престани“ или „немој“, на детето му се нуди насока што кажува што треба да направи, а не што не смее.
Авторката и експерт за родителство, Sarah Ockwell-Smith, која пишува за психологијата и науката зад воспитувањето, објаснува дека суштината на нежното родителство е да ги третираме децата онака како што би сакале нас да нè третирале кога сме биле мали.
– Тоа не значи дека ќе му ги купите на детето сите чоколади и сладоледи од продавницата. Станува збор за почит, љубезност и избегнување казни што предизвикуваат прекумерно чувство на вина – вели таа.
Повеќе за ова прочитајте на „Мајка и дете“.