ПРОТЕСТОТ НА ССМ ЌЕ ГО БЛОКИРА ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ Од пладне изменет режим на сообраќај

Поради протестот на Сојузот на синдикати на Македонија, полицијата ќе воведе привремен режим на движење во централното градско подрачје.

523

Сообраќајот во центарот на Скопје денеска од пладне ќе се одвива по изменет режим поради протест што ќе го организира Сојузот на синдикати на Македонија.

Протестот е најавен за 12 часот и ќе се одржи пред Стопанската комора на Македонија, на улиците Димитрие Чуповски и Даме Груев. Поради собирот, дел од сообраќајот во овој дел од градот ќе биде пренасочен кон околните улици.






Од полицијата информираат дека ќе има засилено присуство на службеници кои ќе го регулираат движењето и ќе воведат привремен режим на сообраќај во централното градско подрачје.

Возачите се повикуваат да ги следат насоките на полицијата и да сметаат на можни застои во овој дел од градот во текот на денот.

Поврзани содржини