ЏОНИ ГРИНВУД ОД РАДИОХЕД БАРА ДА СЕ ОТСТРАНИ МУЗИКАТА ОД ДОКУМЕНТАРЕЦОТ ЗА МЕЛАНИЈА Никој не го консултирал музичарот за употреба на неговата музика
Рок-музичарот, кој ја компонираше музиката за драмата од 2017 година „Phantom Thread“, тврди дека е прекршен договорот откако музиката е повторно користена во контроверзниот документарец за првата дама на САД
Режисерот на „Phantom Thread“, Пол Томас Андерсон и Џони Гринвуд од Radiohead побарале дел од музиката од филмот од 2017 година да биде отстранет од контроверзниот документарец „Меланија“. Гринвуд ја напиша музиката за „Phantom Thread“.
– Добивме сознание дека музичко дело од „Phantom Thread“ е употребено во документарецот „Меланија – се вели во соопштението на двајцата, кое Variety го добил од претставникот на Гринвуд.
– Иако Џони Гринвуд не ги поседува авторските права на музиката, од Universal не се консултираа со Џони за оваа употреба од трета страна, што претставува кршење на неговиот договор со композиторите. Како резултат на тоа, Џони и Пол Томас Андерсон побараа таа да биде отстранета од документарецот.
Инаку, документарецот во режија на Брет Ратнер за Првата дама на САД, заработи 13,35 милиони долари на домашно ниво по два викенда од прикажувањето, што е значаен резултат за документарец кој не е за природата или музиката.
Сепак, „Меланија“ чинеше повеќе од кој било друг документарец во историјата.
Amazon MGM потроши неверојатна сума пари, купувајќи го филмот и придружната документарна серија што се емитува директно на стриминг за 40 милиони долари, а потоа издвои 35 милиони долари за трошоци за маркетинг во кино. Тоа се невидени трошоци со оглед на тоа што документарците традиционално не се двигател на големи приходи од кино благајните.
Раскошните трошоци на Amazon MGM ги поттикнаа другите во индустријата да шпекулираат дали документарецот е обид на студиото да се додвори до сегашната администрација. Бидејќи сопствениците на кината задржуваат околу половина од продажбата на билети, ќе биде тешко да се оправда цената на „Меланија“. Меѓутоа, во необичен потег, Amazon MGM објави соопштение за резултатите од вториот викенд.
Во текот на изминатите 25 години, Гринвуд беше поактивен како филмски композитор отколку како рок-музичар, пишувајќи или придонесувајќи за музиката за 12 филмови, меѓудругите, за филмовите „One Battle After Another“, „There Will Be Blood“, „Inherent Vice“ и „Liquorice Pizza“.
Овен Глајберман од „Варајети“ напиша за работата на Гринвуд во „Фантомска нишка“ во својата рецензија од 2017 година: „Сите сме премногу свесни дека нешто злокобно мора да се крие во сенките… а продорната привлечност на музичката партитура на Џони Гринвуд, исполнета со копнеж и вознемиреност, потсетува на непогрешлива вибрација на Хичкок од 50-тите години“.