ЦИКЛОН И ЈУЖНО СТРУЕЊЕ НОСАТ ДОЖД И ТОПЛО ВРЕМЕ На крајот на неделата ќе има и појава на грмежи

769

Под влијание на серија влажни воздушни бранови од запад кои ќе бидат поврзани со длабоката циклонска активност со центар над Џеновскиот залив до крајот на седмицава во Македонија ќе имаме многу променливо време со чести повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни, а за време на викендот ќе бидат проследени и со локална појава на грмежи. Повремено ќе дува засилен,  а за време на викендот и силен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Температурите во следните денови повторно ќе бидат во пораст особено за време на викендот и тоа поради краткотрајното јужно воздушно струење.






Повеќе за метеопрогнозата на Славчо Попоски на следниот ЛИНК.

Поврзани содржини