НЕМА ЗОШТО ДА ГО ОПТЕРЕТУВАМЕ БУЏЕТОТ СО НОВА КОМИСИЈА Целта на владата е да го намали бројот на институции за 40%

Ако ние кратиме членови во управни одбори во овој закон, и ако оваа Влада и Министерството за јавна администрација се залагаат за реформи и намалување на ваквите тела, тогаш е нелогично да формираме ново габаритно тело, нова комисија која ќе создава дополнителни трошоци во буџетот, изјави министерот за јавна администрација најавувајќи дека со новиот закон кој го подготвува владата е предвидено намалување на 40% на буџетските корисници од органите на државна управа.

325

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во контекст на реакциите на дел од невладините организации и граѓанските здруженија, кои предлагаат формирање на посебно тело, нова, проширена комисија со сопствена администрација, истакна дека ваквиот пристап е спротивен на реформската политика на Владата и на Министерството за јавна администрација.

Министерот нагласи дека формирањето ново тело би значело дополнителни финансиски трошоци и нова администрација, што не е во согласност со заложбите за рационализација и ефикасност на јавниот сектор.






– Ако ние кратиме членови во управни одбори во овој закон, и ако оваа Влада и Министерството за јавна администрација се залагаат за реформи и намалување на ваквите тела, тогаш е нелогично да формираме ново габаритно тело, нова комисија која ќе создава дополнителни трошоци во буџетот – изјави Минчев.

Министерот објасни дека во следниот закон што го подготвува Владата, Законот за организација и работа на органите на државната управа, е предвидено намалување на 40% на буџетските корисници од органите на државна управа.

– Доколку имаме институции во кои надлежностите се преклопуваат, или имаат слични или исти надлежности, логично е тие да се рационализираат, а не паралелно да формираме нови тела – нагласи министерот.

Минчев истакна дека критериумите за избор на раководни позиции остануваат високи и строго дефинирани, при што, изборот во одредена институција ќе го врши комисија составена од професионални административни службеници од таа институција.

Поврзани содржини