УКРАИНСКИ ДРОНОВИ ПОГОДИЛЕ ХЕМИСКА ФАБРИКА ВО РУСИЈА Нема жртви, фабриката продолжила со работа
Фабриката во Тверската област произведува компоненти за гориво за ракетите Х-55 и Х-101, како и адитиви за дизел и за млазен керозин.
Украински беспилотни летала во текот на ноќта погодиле руска хемиска фабрика во Редкин, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на извори во Безбедносната служба на Украина (СБУ).
Фабриката произведува компоненти за гориво за ракетите Х-55 и Х-101, како и адитиви за дизел и за млазен керозин.
Целта била Експерименталната хемиска фабрика Редкино (РОЗ) во Тверската област, северозападно од Москва.
Фабриката е предмет на санкции, вклучително и оние наметнати од САД и од Велика Британија.
Локалните власти, цитирани од рускиот канал „Астра“ на Телеграм, го потврдија нападот, велејќи дека пожарот кој избувнал „по падот на дронот“, е ставен под контрола.
Според вршителот на должноста гувернер на Тверската област, Виталиј Королев, нема жртви и производството на компанијата не е засегнато.
Русија ги користеше ракетите Х-101 во неодамнешните големи напади врз Украина.