ЖЕНА ПОВРЕДЕНА ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА ПЛИН ВО ВЕЛГОШТИ Пожарникарите брзо интервенирале 

Благодарение на брзата реакција на пожарникарите спречено е и опожарување на објектот. Повредена е и жена која е преземена од екипите на брза помош, соопштија пожарникарите од Охрид.

396

Жена е повредена во пожарот кој настанал по разорна експлозија во куќа во охридското село Велгошти. Тамошната пожарникарска служба извести дека експлозијата била предизвикана од зголемена концентрација на плин.

„Благодарение на брзата реакција на пожарникарите спречено е и опожарување на објектот. Повредена е и жена која е преземена од екипите на брза помош“, соопшти ТППЕ Охрид.

Поврзани содржини