ДОДЕКА БИЛ ДИРЕКТОР НА ВЛАДИНАТА СЛУЖБА ПЕЦЕ МИРЧЕВСКИ ДОБИЛ ВОЗИЛО ОД ФИРМА ШТО ДОБИЛА ТЕНДЕР Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ревизорскиот извештај ја потврдил аздисаноста на СДСМ

1,364

Пеце Мирчевски, ексдиректор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, направил низа злоупотреби во Службата за време на владеењето на СДСМ. Пеце Мирчевски е синоним за начинот на владеење на функционерите од СДСМ – криминал, аздисаност и личен профит, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако денеска беше објавен ревизорски извештај за работата на СОЗР во 2024 година.

„Секојдневно на површина излегуваат докази за криминалното владеење на СДС, Филипче и на нивните партиски функционери. Државниот завод за ревизија извршил ревизија каде што утврдил дека се направени низа пропусти и злоупотреби за време на СДСМ и нивниот ексдиректор на СОЗР Пеце Мирчевски. Низа системски слабости од нефункционални финансиски контроли во бифеата, преку проблематични вработувања, до несоодветно управување со државниот имот, откриле државните ревизори. Мирчевски ја пренатрупал Службата со партиски кадри без соодветно образование и без сертификати“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.






Во 2024 година биле исплатени 3.274.000 денари за 21 привремено ангажирано лице, од кои дел извршувале редовни работни задачи, вклучително и раководни функции. Ревизорите укажаа дека овие позиции законски бараат високи стручни квалификации и сертификати, и предупредија дека големиот број привремени ангажмани, честата кадровска флуктуација и недоволното вложување во обука претставуваат ризик за континуитетот и квалитетот на услугите.

„Мирчевски е синоним за недомаќинско работење, аздисаност и празнење на државните сметки. Мирчевски има низа пропусти и скандали зад себе. Јавното обвинителство исто така имаше отворено предмет за Мирчевски, кој добил автомобил од фирма добитник на тендери. СДС е партија во која нејзините функционери додека биле на власт, наместо за државата и за интересите на граѓаните, работеле исклучиво за личен профит и профит на блиски лица до врхушката на СДСМ“, се додава во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини