РОМИТЕ ШТО ПРОТЕСТИРАА БАРААТ ДА СЕ ВРАТИ СТАРИОТ ЗАКОН Прифаќаат казни ама не и одземање на возилата

Граѓаните најавија секојдневни протести додека, како што велат, не се сменат законските одредби за казнување.

608

Од околу 11:30 до околу 14:00 часот беше блокиран патниот правец Прилеп-Градско кај Плетвар поради протест со кој дел од ромската заедница бара укинување на законските одредби со кои се одзема возилото при возење без возачка дозвола.

– Ова е мирен протест. Бараме да се укине законот и да биде како што беше досега. Да не се одземаат возилата. Нека се казнува за возење без возачка ама како досега, но со одземање на возилата ни се нанесува голема неправда, не само на Ромите, туку и на другите граѓани од други националности – рече Ерсад Решидоски од Прилеп.






Протестот иако беше најавен со блокада на патот Прилеп – Градско кај Плетвар е прекинат и сообраќајот е нормализиран.

Граѓаните најавија секојдневни протести додека, како што велат, не се сменат законските одредби за казнување.

Поврзани содржини