ЌЕ СЕ ПРАВИ СУПЕРВЕШТАЧЕЊЕ НА ИЛИЈЕВСКА КОЈА СО НОЖ ГИ УБИ СОПРУГОТ И СВЕКОРОТ Судењето за двојното убиство продолжува во април

Обвинителството бара Илијевска да се осуди за убиство, додека одбрана тврди дека таа постапувала во нужна одбрана и била долгогодишна жртва на семејно насилство.

224

Одложено е судењето за обвинетата Вангелица Илијевска, која во јуни 2024 година со нож ги уби својот сопруг и свекор во семејната куќа во Кратово.та

Од Основниот суд Куманово информираа дека судењето се одложува, бидејќи треба да се направи супервештачење на обвинетата на Клиниката за психијатрија.






На претходното рочиште судот ја донесе одлуката за супервештачење по барање на Обвинителството, со образложение дека новото мислење ќе ги отстрани сите евентуални недоречености, пропусти и можни различни правни квалификации произлезени од претходното вештачење, подготвено на барањето на одбраната на Илијевска. Одбраната рече дека и во двете вештачења, предложени и од Обвинителството и од одбраната, психијатрите укажале дека конфликт на осомничената и жртвите и чувството на загрозеност на физичкиот интегритет довело до афективна ерупција и силна раздразнетост.

Обвинителството бара Илијевска да се осуди по член 123 од Кривичниот законик, за убиство, додека одбрана тврди дека таа постапувала во нужна одбрана.

Јавниот обвинител во воведниот говор кажа дека Илијевска по семејно насилство со нож ги убила нејзиниот сопруг Јован и свекорот Стојан. Обвинителството остана на обвинителниот акт и за продолжување на куќниот притвор на Вангелица. Одбраната на првото рочиште рече дека Илијевска била во брак повеќе од 10 години и била жртва на семејно насилство, физичко и психолошко малтретирање од сите членови на семејството, најмногу од нејзиниот сопруг Јован.

Наредното рочиште е закажано за април.

Поврзани содржини