ЗЕМАЊЕТО ОТИСОЦИ ПРИ ВЛЕЗ ВО ЕУ СЕ ОДЛАГА ДО СЕПТЕМВРИ 2026 Редиците се предолги, ќе се уништи туристичката сезона

Одложувањето на EES дава можност на земјите-членки да се подготват поефикасно за имплементацијата, додека во меѓувреме патниците ќе продолжат да добиваат традиционални печати во пасошите.

434

Почетокот на целосната имплементација на новиот систем за влез/излез (EES) на Европската Унија е одложен од април за септември 2026 година, соопшти Европската комисија, со објаснување дека одлуката е донесена за да се избегне хаос на границите за време на летната туристичка сезона.

Иако постепената примена на системот започна уште во октомври 2025 година, аеродромите и пристаништата веќе се соочуваат со сериозни проблеми. Патниците од земјите надвор од ЕУ се обврзани да остават биометриски податоци, што драстично го продолжува времето на чекање. Според податоци на ACI Europe, на некои аеродроми времето на обработка се зголемило и до 70%, а во екстремни случаи патниците чекаат и по три часа. Лисабонскиот аеродром во декември дури привремено го суспендираше EES поради редици кои достигнале и до седум часа.






Одложувањето на EES дава можност на земјите-членки да се подготват поефикасно за имплементацијата, додека во меѓувреме патниците ќе продолжат да добиваат традиционални печати во пасошите. Европската комисија уверува дека со ова се штити и комфорот на патниците и ефикасноста на границите.

Поврзани содржини