НАСКОРО ЌЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ ЌЕ ГИ ГРАДИ „ЧЕБРЕН“ И „ГАЛИШТЕ“ Божиновска сака да бидат домашна инвестиција

Од Министерството за енергетика тврдат дека има заинтересирани инвеститори за овој проект. 

177

Во наредните еден-два месеца ќе се знае како ќе се реализира проектот за „Чебрен“ и „Галиште“ – дали ќе биде целосно државна инвестиција или ќе се реализира преку јавно-приватно партнерство. Министерката за енергетика Сања Божиновска се согласува со тоа дека најдобро е да биде домашна инвестиција, но вели се работи за голема инвестиција и треба реално да се видат финансиските можности во Буџетот.

– Се согласувам дека најдобро е проектот да биде наш, но кога ќе го погледнеме Буџетот и капиталните инвестиции ќе видиме што е реално. Станува збор за над милијарда евра во пет години – тоа не е малку. Паралелно, има здравство, транспорт и други приоритети. Мислам дека во наредните месец-два ќе имаме повеќе информации – изјави денеска Божиновска по прес-конференцијата на која говореше за Годишниот план за изградба на енергетски проекти за годинава.






Од Министерството за енергетика тврдат дека има заинтересирани инвеститори за овој проект.

Поврзани содржини