ГЕРМАНИЈА ПАРАЛИЗИРАНА ОД ШТРАЈКОВИ ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ Синдикатот бара пократка работна недела и повисоки додатоци

Луѓето кои патуваат до работното место и учениците се соочуваат со големи проблеми.

640

Во речиси сите сојузни покраини во Германија денеска ќе има значителни проблеми во јавниот превоз поради предупредувачкиот штрајк на синдикатот на транспортните работници, јавија германски медиуми.

Автобусите, трамваите и возовите од подземните железници кај многу општински транспортни компании ќе останат во депо поради штрајкот. Погодени се 15 сојузни покраини. Луѓето кои патуваат до работното место и учениците се соочуваат со големи проблеми.






Синдикатот „Верди“, кој го најави штрајкот во петокот, во преговорите со општинските здруженија на работодавачи, меѓу другото, бара пократка работна недела, подолги периоди на одмор, како и повисоки додатоци.

Здружението на германски адвокати за трудово право соопштија дека во услови на штрајк, во основа важи дека вработените сами се одговорни навреме да стигнат на работа – тие го носат таканаречениот „ризик на патување“. Тоа важи при штрајк исто како и, на пример, при снег и голомразица. Ако работата од дома не е решение, вработените мора да бараат разумни алтернативи, порачаа адвокатите.

Поврзани содржини