Десетгодишно девојче од скопското село Глумово вчера било повредено од заталкан куршум. Лекар од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што е пренесено, констатирал тешки телесни повреди во пределот на ногата.
Случајот, бил пријавен во СВР Скопје.
Нема повеќе детали за настанот.