КО-СОПСТВЕНИК НА МАКЕДОНСКА ФИРМА ЗА МЕДИЦИНСКИ КАНАБИС Е УАПСЕН ВО СРБИЈА ВО АКЦИЈА ЗА ЗАПЛЕНА НА ДРОГА Одреден му е притвор

Според планот на организаторот, осомничениот ко -сопсвеник на македонската фирма за производство на медицински канабис ги транспортирал наркотичните дроги преку границата до магацин во Србија од каде што дрогата одела на продажба.

2,840

Во акција на српската полиција за заплена на 5 тони марихуана уапсен е и Иван Драгниќ ко-сопственик на македонска компанијата за производство и преработка на медицински канабис, објави српски Блиц.

Вишиот суд во Белград на Драгниќ и уште две лица (Н.С. и Р.С)  им одреди притвор по заплената на 5 тони марихуана во селото Коњух кај Крушевац.






Српското јавното обвинителство за организиран криминал претходно објави и дека е донесена наредба за спроведување истрага против Александар Мијајловиќ, Небојша Спасојевиќ, Радет Спасојевиќ, Иван Драгниќ и Урош Младеновки.

Претходно, осомничените, кои се осомничени за кривично дело неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги, го искористија своето законско право да молчат за време на рочиштето во ЈТОК.

Со оглед на тоа што осомничениот Александар Мијајловиќ, кој е означен како организатор на оваа организирана криминална група, е во бегство, до судијата за претходна постапка е поднесен предлог за издавање потерница против него, вклучително и меѓународна.

Како што е наведено во соопштението, оваа организирана криминална група дејствувала на меѓународно ниво, со тоа што во текот на јануари оваа година на територијата на С Македонија набавила повеќе од 5 тони опојна дрога марихуана.

Според планот на организаторот, осомничениот Иван Драгниќ ги транспортирал наркотичните дроги преку границата до магацинот на семејството на осомничените Спасојевиќ, од каде што осомничениот Урош Младеновски ги однел за понатамошна продажба.

Се додава дека е особено индикативно што осомничениот Иван Драгниќ е ко-сопственик на македонска  компанијата, која е регистрирана во Скопско за производство и преработка на медицински канабис.

Покрај марихуаната, на 29 јануари, полицијата заплени 4 автоматски пушки, еден рачен фрлач – зоља и повеќе од 1,5 милиони динари.

Проценетата вредност на запленетите дроги е околу 50 милиони евра.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, по пристигнувањето на местото на заплената, истакна дека ова е најголемата заплена на дрога во Србија досега.

На денот на запленувањето на наркотиците, министерот Дачиќе изјави дека дрогата најверојатно пристигнала „од јужните соседи“, без да прецизира на кои соседи мисли.

Поврзани содржини