25 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПАМЕТЕН ЗЕЛЕН БРАН ВО СКОПЈЕ Се очекува мерката да го олесни сообраќајниот метеж

159

Советот на Град Скопје денеска на седница донесе одлука да предвиди 25 милиони денари, наменети за Центарот за управување и контрола на сообраќај.

Ова е дел од проектот на Град Скопје за подобрување на управувањето со сообраќајот преку воведување паметен зелен бран.






– Со овие средства се предвидува унапредување на функционирањето на Центарот, редовно одржување на системите за управување со сообраќајот, како и изнаоѓање нови, паметни и современи сообраќајни решенија поврзани со сигнализацијата – соопшти Даме Димитровски, претседател на Советот на Град Скопје.

– Наместо застарениот концепт на зелен бран од минатото, воведуваме паметен зелен бран – модерен, адаптивен и иновативен систем кој во реално време ќе го регулира протокот на возила, ќе ги намали гужвите и ќе овозможи побрзо, поефикасно и побезбедно движење низ Скопје. Овие мерки ќе донесат значително олеснување на сообраќајниот метеж, подобра организација и поголем комфор за граѓаните – соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој неделава заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, одржа координативен состанок со стручни тимови од областа на сообраќајот, посветен на финалните подготовки за официјално пуштање во функција на системот „Безбеден град“.

Поврзани содржини