🎥 ПОЖАР ВО ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛ НА ФРАНЦУСКИТЕ АЛПИ Гостите биле евакуирани, нема повредени

Огнот во „Хотел де Гранде Алп“ го гаснеле 131 пожарникар, соопштија локалните власти.

158

Десетици луѓе синоќа се евакуирани кога избувна пожар од луксузен хотел во скијачкиот центар Куршевел на француските Алпи.

Локалните власти соопштија дека во пожарот нема повредени лица.






Пожарот синоќа избувна на таванот на „Хотел де Гранде Алп“, а повеќе од 90 луѓе беа евакуирани и се сместени во другите хотели. Поради пожарот изутринава се евакуирани речиси 200 гости од блискиот хотел „Ле Лана“.

Огнот во „Хотел де Гранде Алп“ го гаснеле 131 пожарникар, соопштија локалните власти.

Поврзани содржини