АНТИМАКЕДОНЕЦОТ ЏАМБАСКИ ПАК СЕ ЈАВИ Му пречи изјавата дека Вучиќ се борел за Македонија

Овојпат европратеникот го критикуваше српскиот претседател Александар Вучиќ кој претходно изјави дека се бори Македонија заедно со Босна и Херцеговина да влезат во Европската Унија.

669

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, познат по провокативните антимакедонски изјави повторно се јави на Фејсбук.

Овојпат европратеникот го критикуваше српскиот претседател Александар Вучиќ кој претходно изјави дека се бори Македонија да влезе во Европската Унија. Вучиќ ја даде изјавата во контекст на неговите средби со челници во Брисел и идејата дека целиот Западен Балкан треба заедно да влезе во Унијата.






– За тоа се борев. Не само за Србија, туку и за Босна и Херцеговина и за Северна Македонија – рече Вучиќ во програмата на Федералната радиотелевизија на Босна и Херцеговина.

A еве со какви зборови Џамбаски го коментира Вучиќ:

„Дрскиот шумадиец ‘со капа шајкача’ се бори Србија, РСМ и Босна и Херцеговина никогаш да не станат дел од ЕУ. По нарачка на штуката“.

Интересно е што во изјавата Џамбазки ја напиша Македонија како РСМ.

СЕ БОРЕВ И ЗА БиХ И МАКЕДОНИЈА ДА ВЛЕЗАТ ВО ЕУ, ВЕЛИ ВУЧИЌ Идејата е регионот заеднички да се отвори кон Унијата

Поврзани содржини