📽️ 1907 И ПОРТАТА СЕ ОТВОРА? Стадионот на Аталанта мора да ја смени шифрата

Еве нè на стадионот на Аталанта, со планините во позадина. Тука е влезот за клупскиот автобус. Кој би можел да биде кодот? Која година е основан клубот? 1907 годин, вели навивач на снимката додека ги притиска копчињата.

171

Сцена што личеше на шега, а звучеше како аларм, се одигра пред стадионот на Аталанта. Обичен навивач, со мобилен телефон и со насмевка, стигна до влезот наменет за клупскиот автобус и без двоумење внесе четири бројки. 1907.

Портата  на „Њу Баланс арената“ во Бергамо се отвори веднаш, без отпор, без проверка, без второ прашање.






– Еве нè на стадионот на Аталанта, со планините во позадина. Тука е влезот за клупскиот автобус. Кој би можел да биде кодот? Која година е основан клубот? 1907 година – вели англискиот навива, додека ги притиска копчињата.

Кога портата се отвори без никакво колебање, следеше саркастичен коментар што ја запечати пораката.

– Хмм, да. Супер обезбедување, нема проблем!

Стадионот Gewiss Stadium, домот на клубот од Бергамо, по оваа епизода се најде под лупа. Очекувањата се дека шифрите ќе бидат сменети, но и дека ќе следуваат дополнителни мерки.

 

@stanley_2110 #fyp #football #atalanta #soccer #serieA ♬ Funny – Gold-Tiger

Поврзани содржини