СВАЌИ ЗА ПРИМЕР Мајките на Тејлор Свифт и Тревис Келси, заедно на Санденс филм фестивал

Идните сваќи Андреа Свифт и Дона Келси беа фотографирани на годишниот настан во Парк Сити, Јута, на 25 јануари, на Филмскиот фестивал Санденс 2026. Тејлор и Тревис почнаа да се забавуваат во 2023 година, а ја објавија својата свршувачка минатата година.

81

Мајките на поп-ѕвездата Тејлор Свифт и НФЛ-играчот Тревис Келси беа фотографирани на годишниот настан во Парк Сити, Јута, на 25 јануари. Нивните деца моментално се во процес на планирање на свадбата, а Дона Келс (73) и Андреа Свифт (68) поминуваат време заедно. Тие присуствуваа на Филмскиот фестивал Санденс и беа видени како шетаат уживајќи заедно во фестивалската атмосфера во градот.

Покрај Тејлор и Тревис (двајцата имаат по 36 години), Андреа и Дона се мајки на по уште едно дете.






Андреа и Скот Свифт се родители и на братот на Тејлор, Остин Свифт, додека Дона и Ед Келси имаат уште едно заедничко дете, синот Џејсон Келси.

Тејлор и Тревис ја објавија својата свршувачка со заедничка објава на Инстаграм минатата година, за извор за PEOPLE минатиот месец изјави дека Тејлор и Тревис напредуваат со планирањето на свадбата, но воопшто не се брзаат.

– Кога станува збор за планирање на свадбата, и двајцата се подеднакво вклучени и возбудени и ова не е нешто што едниот или другиот го прави сам. Тие пристапуваат кон тоа како кон партнерство, разговараат за работите заедно и уживаат во процесот на начин што им се чини природен.

И Дона и Ед (74), во бројни пригоди зборуваа со пофалби за својата идна снаа. Ед минатата година изјави за PEOPLE дека среќата на Тревис доаѓа од добитничката на Греми наградата, а во 2024 година, Дона ја пофали Тејлор како „многу талентирана жена“.

Топлите чувства се подеднакво взаемни во семејството Свифт кога станува збор за Тревис. Скот (73), присуствувал на натпреварите на Канзас Сити Чифс за да го гледа својот иден зет како игра, а Андреа всушност била таа што ја запознала својата ќерка со Тревис, беше откриено во една епизода од неодамна објавената документарна серија за Свифт, „Taylor Swift | The End of an Era“.

Поврзани содржини