МОЌНА ПОРАКА ДО КОНКУРЕНЦИЈАТА ПРЕД ОЛИМПИЈАДАТА Шифрин е незапирлива, Американката го обезбеди Малиот глобус

Американската скијачка со 108. победа во кариерата го потврди приматот во слалом и ја зацврсти лидерската позиција пред Олимписките игри.

79

Американската скијачка Микаела Шифрин со убедлив триумф во денешниот слалом во Шпиндлеров Млин забележа уште една победа во Светскиот куп во алпско скијање и воедно го обезбеди Малиот кристален глобус во оваа дисциплина.

За Шифрин ова е 108. победа во Светскиот куп и деветта титула во слалом, со што уште еднаш ја потврди својата доминација во оваа дисциплина.






Второто место го освои Швајцарката Камил Раст, која заостана една секунда и 67 стотинки зад победничката, додека на третата позиција се пласираше Германката Ема Ајхер со заостанување од 2,18 секунди.

Во пласманот во слалом, Шифрин има 780 бодови, што се недостижни 288 бодови повеќе од Раст, која се наоѓа на второто место.

Американката води и во генералниот пласман со 1.133 бодови, пред Камил Раст, која има 963 бодови.

Ова беше последниот слалом пред Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, што дополнително ја нагласува важноста на триумфот на Шифрин.

Поврзани содржини