ЌЕ СЕ ЗАБРАНИ РЕКЛАМИРАЊЕ НА ТУТУНСКИ ПРОИЗВОДИ Промоцијата директно влијае врз младите да почнат да пушат

63

Новиот предлог-закон за заштита од пушење предвидува целосна забрана за рекламирање, промоции и спонзорства од тутунската индустрија. Овие законски одредби се однесуваат на објави во медиуми, на интернет и социјални мрежи, како и на настани, наградни игри, попусти, подароци.

– Лесната достапност и видливоста на производите го зголемуваат бројот на нови корисници, особено меѓу децата и младите, а намалувањето на видливоста е една од најефикасните мерки за превенција. Заштитата на децата е апсолутен приоритет – вели министерот за здравство, Азир Алиу.






Дополнително, покрај забраната за продажба на малолетни лица не само на класични цигари, туку и на сите останати никотински производи, со воведува и забрана за јавно изложување тутунски и никотински производи на продажни места, како и за продажба на тутунски и никотински производи во угостителски објекти, спортски и културни објекти и на јавни настани.

– Рекламирањето директно влијае врз започнување на пушење, особено кај младите. Со овие законски одредби се превенираат прикриените форми на промоција на овие производи. Јавното здравје има предност пред комерцијалниот интерес – нагласи министерот Алиу.

 

Поврзани содржини